Жерновски и Жбогар разговараа за евроинтегративниот процес на Македонија

Евроинтегративниот процес на Македонија и членството во ЕУ како врвен приоритет беа темите за кои денеска разговарале заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски и евроамбасадорот Самуел Жбогар.

На средбата, како што соопшти МНР, било заклучено дека по објавувањето на Стратегијата, повторувањето на препораката од Европската комисија за отпочнување преговори со ЕУ и заклучоците од Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија, се врати европската перспективата на регионот, со што се предвидува поблиска и поинтензивна соработка помеѓу Европската Унија и земјите кандидати.

Во контекст на европските интеграции на Република Македонија, Жерновски кажал дека единствената пречка е конечно отстранета. Долгогодишниот спор за името со Грција, според него, конечно се затвори при што е договорено взаемно прифатливо име од двете земји. Тој, исто така изјавил дека очекува на претстојниот Самит на ЕУ да биде донесена одлука за доделување на датум на Република Македонија за отпочнување претпристапни преговори.

„Амбасадорот Жбогар го поздрави договорот постигнат за изнаоѓање заемно прифатливо име од двете страни и истакна дека Европската унија и натаму ќе продолжи со својата поддршка во процесот на пристапување на Република Македонија во ЕУ. Во тој контекст подвлече дека успехот да се добие датум за отпочнување преговори нема да биде успех само за земјата, туку е и успех на сите чинители во Унијата“, с евели во соопштението од МНР.

 

 

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе