Панел дискусија за родовата рамноправност

Жени на „машки“ функции носат стабилност во општествата

На панел-дискусијата на која беше промовиран вториот Национален акциски план за имплементација на Резолуцијата 1325 на Обединетите нации „Жени, мир и безбедност 2020-2025", во касарна „Страшо Пинџур" во Петровец, своите искуства како жени на „машки“ ги споделија Радмила Шекеринска, министер за одбрана,  Билјана Блажевска, аѓутант на претседсателот и врховен командант на вооружените сили и Катерина Ставреска, доскорешен шеф на кабинет во Министерството за одбрана.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска вели дека функцијата која ја извршува и во многу други поразвиени земји од нашата се смета како еден од последните машки бастиони и оти била свесна дека постојано ќе биде ставена на тест. Таа смета дека со поставувањето на жени на функции кои се сметаат за машки, општествата стануваат помирни и стабилни.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и потполковник Ендрју Лејтон, одбранбено аташе на Обединетото Кралство акредитиран во Македонија, денеска на панел-дискусија го промовираа вториот Национален акциски план за имплементација на Резолуцијата 1325 на Обединетите нации „Жени, мир и безбедност 2020-2025", во касарна „Страшо Пинџур" во Петровец.

Според потполковник Лејтон, акцискиот план е клучниот индикатор на евроатлантскиот пат на земјата, на вредностите и стандардите. Тој говореше за искуствата и резултатите кои заедно со Обединетото Кралство, што од почеток го поддржа овој процес за изработка на овој документ, ги споделија со нашата држава односно МО.

„Кога бев избрана за министерка за одбрана, бев свесна дека ќе се соочам со многу видливи и невидливи тестови, да те тестираат и да те проверуваат постојано", рече министерката Шекеринска и упати честитки до сите жени, кои во околности на секојдневен тест и проверка успеваат да издржат и да се докажат и токму поради тоа постојано тестирање, нагласи, можеби се и посилни.

Оваа област и во високо развиени држави, подвлече Шекеринска, се смета последен машки бастион.

„Работата е далеку од завршена. Оваа Резолуција „Жени, мир и безбедност" 20 години е клучната алатка во рацете на политичките лидери за повеќе и подобро да ги вклучат жените во тешки, деликатни, па и опасни процеси, што не се само справување со конфликте, туку и мировни преговори, решавање воени и политички конфликти, како и генерално зголемување на процентите на жени во безбендосните структури, рече Шекеринска.

Таа истакна дека во изминатите три години во МО работеле да се смени ситуацијата, не само на хартија, туку да се покажат промени и во реалноста и оцени дека поставувањето на жени на функции кои традиционално се сметаат за машки, на општествата им носат мир и стабилност.

Шекеринска рече дека е поставена и апликација за пријавување вознемирување на работното место, назначени се родови советници кои се присутни во сите структури во Армијата и ги има и жени и мажи, што, според неа, е најгомелиот знак за успех.

Преку видео линк своите искуства и ставови ги сподели полковник Билјана Блажевска, аѓутант на претседателот и врховен командант на вооружените сили, прва жена што ја врши оваа функција во нашата држава. Вели дека во Министерството за одбрана и во Армијата има силна волја за зајакнување на родовата еднаквост, поддржана од шефот на државата и од министерката за одбрана.

„Не е доволно само политичка волја, ние треба сите да покажеме заедно волја да се бориме за кршење на стереотипите и со личен пример да покажеме и докажеме дека Армијата е свет во кој рамноправно можат да чекорат и чекорат мажите и жените", порача полковник Блажевска.

Катерина Ставревска, дипломат од кариера од МНР, која од 2017 година до неодамна беше шеф на кабинет на министерката за одбрана вели:

„Препознајте и оправдајте ја довербата што ви се дава. Патот до успехот е долготраен процес, што опфаќа голем број врвови, тестирања и нови почетоци. Не беше лесно, но искуството покажа дека беше оправдано што го прифатив предизвикот", рече Ставревска која во моментов посетува студии во рамки на програмата на Кралскиот колеџ за одбранбени студии во Лондон, една од 10-те жени меѓу вкупно 104 студенти, членови на Колеџот.

 

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе