Не очекува изненадувања

Жбогар: За финалната верзија на преговарачката рамка ќе одлучат членките на ЕУ

Жбогар појасни дека ова е нацрт-верзија на документот изработен од Европската комисија. Тој ќе биде сличен на документите за преговарачката рамка што беа изготвени за почетокот на проговорите како за Србија или за Црна Гора, и според амбасадорот, веројатно во него нема да има никакви изненадувања, освен тоа што ќе содржи нови елементи согласно новата методологија.

Жбогар копј денеска беше во посета на Охрид, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека документот ќе ги содржи принципите на преговорите, целата суштина на преговорите и ќе го определи целиот претпристапен процес.

„Останува на германското претседавање со ЕУ и на државните-членки да го разгледаат документот, евентуално да ја усвојат преговарачката рамка. Веднаш штом биде усвоен, истиот ќе биде објавен, следува да седнеме на маса и формално да ги отпочнеме пристапните преговори за членство на земјата“, рече Жбогар.

Што се однесува на прашањето околу македонскиот јазик, евроамбасадорот истакна дека самиот документ изготвен од Европската комисија, предвидува содржината да биде преведена на македонски јазик.

„Но, сето тоа е предмет на дискусија на членките, така што сѐ уште не можам да кажам сѐ додека не се продискутира од нивна страна. Нивна ќе биде одлуката каква ќе биде финалната верзија на документот. Секоја евентуална промена на нацрт-документот мора да биде одобрена од самите држави-членки“, рече евроамбасадорот.

 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе