На регионалниот семинар

Жбогар: Вистинската работа за инклузија на Ромите се уште не е завршена

Мора да си ги засукаме ракавите, да продолжиме да работиме заедно и да видиме на кој начин можеме најдобро да го искористиме она што го имаме на располагање во моментов, а имаме Влада која е посветена. Имаме нова енергија меѓу младите лидери Роми во државата и имаме помош од ЕУ. Овој триаголник е добар почеток. Да направиме една разлика, да ја подобриме состојбата, ова денеска го порача еворамбасадорот Самуел Жбогар на регионалниот семинар на тема „Млади Роми: Од образование до вработување".

Организатор на семинарот е Ромскиот едукативен фонд (РЕФ), кој се спроведува во рамки на регионалниот проект „Зголемени образовни можноости за студенти и млади Роми во Западен Балкан и Турција". Проектот е финансиран од Европската Унија и кофинансиран од РЕФ.

Вистинската работа за инклузија на Ромите се уште не е завршена туку е пред нас. Циклусот на сиромаштија, дискриминација и исклученоста на Ромите се уште постои, рече Жбогар.

Тој посочи на дел од постоечките проблеми кои исто така се забележани и во најновиот годишен извештај на ЕК за државата. Тоа се Роми кои просат на улици, ромски деца кои не се на училиште, Роми кои живеат во нечовечки услови, во незаконски населени места, без лични карти, пребаруваат по отпадот. Се уште има малолетнички бракови и други форми на дискриминација.

Жбогар информира дека во моментов го финализираат изборот на студенти и на ученици кои ќе добијат стипендии за основно образование, подготвуваат и грант програма за подобра инфраструктура во населбите каде живеат Ромите.
Министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите Музафер Бајрам се осврна на образованието и на вработувањето на Ромите.

Вклученоста на Ромите во активните програми за вработување бележи благ пораст во последните години, што можеби се должи и на подобрување на информираноста за придобивките кои ќе ги имаат доколку се вклучат во некои од програмите за вработување. Следните чекои на кои сите ние треба да се фокусираме со цел да се постигнат подобри резултати од аспект на социјална вклученост, вработување кај младите лица и посебно Ромите се развивање политики за брз и квалитетен пораст на степенот на формално образование кај Ромите поради фактот колку е повисок степенот на образование, толку е поголема можност побрзо и полесно да се најде вработување, рече Бајрам.

Во текот на денот владини претставници, граѓански организации, меѓународни организации и други релевантни засегнати страни во контекст на инклузија на Ромите ќе ги споделуваат своите искуства од реформите во образованието и политиките за вработување во нивните земји.

 

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе