Евроамбасадорот во Скопје

Жбогар: Вие го исполнивте вашиот дел, за жал ние пак одложивме

Испорачавте се што беше побарано од вас, го исполнивте вашиот дел. Но во Европската Унија одлуките за овие прашања се носат едногласно, а за жал ние повторно го одложивме ова прашање, вели евроамбасадорот Самуел Жбогар. 

Во интервју за МИА Жбогар изјави дека го разбираат разочарувањето на граѓаните и на политичарите од одлуката на Европскиот Совет во Брисел, но остануваат посветени на Северна Македонија и на регионот. Тој признава и дека треба да се извршат реформи и во самиот процес на носење одлуки внатре во самата ЕУ. Според Жбогар, проширувањето на ЕУ кон регионот останува нивен стратешки приоритет, и тоа не е променето.

На прашањето дали во мај на Самитот во Загреб очекува земјава да добие датум, вели дека сега ЕУ треба да се воздржи од ветувања.

„Треба да се воздржиме од ветувања, бидејќи ветивме во јуни лани и во јуни 2019 и сега во октомври и сега е најдобро да се воздржиме од давање ветувања за датуми, но затоа треба да се фокусираме на правењето на вистинските промени”, порача Жбогар.

Во однос на тоа дали ќе се засили руското политичко и кинеското економско влијание во регионот по француското „не” за Македонија, Жбогар изјави дека во ЕУ немаат ништо против земјите да имаат добри односи со други земји.

„Не сме против земјите да имаат добри односи со Руската Федерација, како и економски односи со Кина. Самите земји треба да проценат какви придобивки добиваат со тоа. Убедени сме, а и добивме потврда синоќа од лидерите на сите политички партии, дека тие ја гледаат иднината на земјата во ЕУ и дека ќе сторат се за да го забрзаат процесот”, додава Жбогар.

 

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе