Жбогар: Уште еден важен чекор на патот кон ЕУ

Европската комисија ја испрати предлог Преговарачката рамка во Советот на ЕУ на разгледување од страна на земјите-членки. Ова е уште еден важен чекор на патот кон ЕУ. Ова го напиша на својот Твитер профил евроамбасадорот Самуел Жбогар, откако Европската комисија вчера ја предаде предлог Преговарачката рамка во Советот на ЕУ.

ЕК вчера ги предаде преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија до Советот на ЕУ, а содржината на рамките се објавува само откако таа ќе биде усвоена од страна на земјите членки во Советот. Преговарачките рамки се позицијата на Европската Унија во преговорите за членство.

ЕК поднесува нацрт рамки до земјите членки, кои треба да ги усвојат по евентуални модификации.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе