Жбогар: Секој глас е важен, граѓаните да излезат на локалните избори

Локалните избори на 15 октомври се можност за вас граѓаните да ги изразите вашите ставови за правецот во кој вашите општини треба да се движат  во иднина, порачува шефот на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија амбасадорот Самуел Жбогар во пораката упатена преку неговиот твитер профил пред одржувањето на изборите. 

„Ги повикуваме политичките  лидери и членовите на партиите  да ги спроведат изборите без заплашување и насилство. Потсетуваме на важноста да се направи јасна поделба меѓу државните и партиските активности  пред, за време на изборите и по нив. Ние сметаме на државните институции како што е полицијата, независните институции како ДИК, како и граѓанското општество  да го исполнат својот дел од одговорноста за одржување  демократски, слободни и фер избори“, вели Жбогар. 

Според него, важен е секој глас.

„И на крајот секој глас е важен. Ги повикуваме сите граѓани да го исполнат своето  демократско право на глас и на тој начин да ја обликуваат иднината на своите општини“, додава евроамбасадорот Жбогар. 

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе