Евроамбасадорот во Струмица

Жбогар се надева дека во јуни земјава ќе добие датум за почеток на преговори со ЕУ

Следната недела Европската комисија ќе го објави Извештајот за состојбите во земјата и мислам дека тој ќе го одразува огромниот напредок што беше постигнат во државата изминатата година. Јас сум убеден дека извештајот ќе препорача отворање преговори со Република Северна Македонија, изјави евроамабасадорот Самуел Жбогар.

Жбогар, како што пишува МИА, вели дека одлуката за отворање на преговорите ја носат земјите членки на ЕУ врз основа на извештајот на ЕК.

„Таквата одлука очекуваме да се случи во јуни и се надеваме дека токму тоа ќе се случи. Сметам дека земјата во измината година навистина ја покажа својата посветеност на Европската Унија и на реформите. Се донесоа некои важни одлуки и опозицијата и Владата работат на многу важни закони и сметам дека имате со што да се пофалите и се надевам, исто така, дека ќе бидете пример во регионот како земја која е посветена на реформи“, рече евроамбасадорот Жбогар, кој денеска беше во Струмица на културно-уметничкиот проект „Уметност и вода - магија на животот“ што се одржа на Пречистителната станица за отпадни води.

 

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе