Градоначалникот на Солун искрено

Зервaс: Користам Скопје или ФИРОМ, не ми е лесно да кажам Северна Македонија

Не ми доаѓа лесно да кажам Северна Македонија, изјавил новиот градоначалник на Солун, Константинос Зервас за „Катимерини“, во однос на тоа кое име го користи за соседната земја и додава дека ја нарекува Скопје или ФИРОМ.

Солунскиот градоначалник, како што јавува МИА од Атина, вели дека Договорот од Преспа е лош договор и е со комплетно различна позиција во споредба со неговиот претходник Јанис Бутарис за т.н. дипломатија на градовите.

„Градоначалникот на Солун не е ниту министер за надворешни работи, ниту министер за туризам, ниту верувам толку многу во дипломатијата на градовите. Јас, исто така, сум малку почувствителен во патриотските и националните прашања. Сметам дека требаше да ги чуеме историјата и чувството на градот за некои прашања што се однесуваат на нашите односи.. Сметам дека Договорот од Преспа беше лош договор“, изјавил Зервас.

На прашањето, доколку премиерот Зоран Заев го покани да ја посети соседната земја, дали ќе оди, солунскиот градоначалник вели дека ќе го остави тоа за во иднина, а во однос на спроведувањето на Договорот од Преспа, објаснува дека тие ќе работат за сѐ што се појавува во светот како „македонско“ да се однесува на Грција.

„Јас имам изјавено дека како општина Солун ќе работиме за што било што се појавува како македонско во светот да се однесува на Грција, а не на републиката на Скопје“, коментира Зервас.

 

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе