„Кога зборуваме за легитимитетот на Владата, мора да нагласиме дека мандатарот Ковачевски нема легитимитет произлезен од избори“, рече пратеникот Зендели во расправата на седницата на Собранието за избор на Влада.
Прашање е колку оваа влада може да ги решава проблемите кои ѝ станаа проблематични и беа извор на криза почнувајќи од 2020 година со однесувањето на ДУИ внатре во владејачката коалиција, нагласи тој, потсетувајќи дека Беса беше дел од владината коалиција,.
Тој наведе дека извор на проблемите беа односите на релацијата ДУИ-СДСМ, криминалот и корупцијата, прашањето на правната држава и правото, состојбите во здравството во време на пандемија.
Зендели, во врска со корупцијата и криминалот наведе и пример на правење на компромиси, како што рече, со пуштањето од притвор на две битни лица.