Како што објави германското Министерство за надворешни работи, министрите од Г7 ја потврдија својата посветеност за европската перспектива на шесте земји од Западен Балкан за кои, како што се вели, обезбедуваат безбедност, стабилност и просперитет во регионот.
Министрите ги повикаа Косово и Србија конструктивно да се ангажираат за дијалог со посредување на ЕУ и во целост да ги спроведат претходните договори и тоа без одложување.
Тие го поздравија фактот што Западен Балкан е обединет во осудата на руската агресија врз Украина, особено во Генералното собрание на ОН. Го поздравија усогласувањето на Босна и Херцеговина со рестриктивните мерки на ЕУ против Русија и едностраното усогласување на Косово со тие мерки.