Зелените од Европарламентот се за почеток на преговорите со Македонија

Европратеничката од групата на Зелените во Европскиот парламент, Тинеке Стрик, ја искористи дебатата со португалскиот премиер да побара да се изврши притисок врз Бугарија за повлекување на ветото за преговори со Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.

На денешната пленарна дебата на Европскиот Парламент со португалскиот премиер, Антонио Коста, целосно изостана темата за проширувањето и преговорите со Северна Македонија и Албанија.

Португалија претседава со ЕУ од први јануари до 30 јуни оваа година. Премиерот Коста утрово ги изложи приоритетите на неговата земја за следните шест месеци, но не го спомена проширувањето.

Пратеничката Тинеке Стрик меѓутоа побара експресно од Коста да изврши притисок врз Бугарија.

„Наметнавме услови кои Северна Македонија направи сѐ за да ги исполни сите, но една земја блокира, итно барам од вас да извршите притисок врз Бугарија да го повлече ветото и да се врати кредибилитетот на ЕУ на Западен Балкан“, изјави Стрик.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе