„Зелен хуман град“ го повикува Пендаровски да не ги потпишува измените на Изборниот законик

„Зелен хуман град“ реагира, како што велат оттаму, на новиот обид за измени на Изборниот законик на веќе започнат изборен процес, на овозможувањето да се гласа со истечени лични карти и на вметнување на можноста веќе потврдена листа за избори да се повлече по 48 часа и го повикуваат претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува указот за законот.

„Вчера попладнето добивме информација дека во Собранието повторно се поднесени измени на Изборниот законик по скратена постапка. Текстот на Законот вчера, на 15 септември 2021 г. во еден ден е усвоен на Комисијата за политички систем, усвоен на Законодавно-правната комисија и усвоен на итна 52. седница на Собранието. Овојпат праговите за потписи за независни листи не се предмет на измените, но, се предвидува можност за повлекување на кандидатските листи по нивното потврдување од ДИК.

Се воведува нов став во Член 67 со следното образложение: ‘Се овозможува на сите партии или подносители на независни листи да можат да ги повлечат листите во рок од 48 часа од нивното потврдување во изборните органи...“. Внесувањето на ваква измена во членот 67 го прави законот контрадикторен сам на себе! Впрочем, за секоја кандидатура е неопходна писмена согласност од кандидатот, која е неотповиклива“, пишува во реакцијата од „Зелен хуман град“.

Оттаму прашуваат како тогаш може листите да бидат повлечени, кога кандидатите дале неотповикливи изјави и со која цел е предложена ваквата измена на Изборниот законик.

„Дали оваа измена решава постоечки проблем, или овозможува златни 48 часа што служат за притисок врз политичките партии и независните листи за нивно повлекување, во очи на изборите? Воедно, со измените се предвидува овозможување на гласање со истечени лични документи. Неодговорноста на институциите поради што голем број на граѓани останаа без нови лични документи не смее да се покрива со вакви правни преседани“, велат од „Зелен хуман град“.

Оттаму оценуваат дека носење на измени на Изборниот законик на веќе започнат изборен процес го урива владеењето на правото и претставува грубо нарушување на правната сигурност, како и дека овие „демократски практики“ за жал нè потсетуваат на владеењето на една мината власт.

Во реакцијата уште се вели дека од „Зелен хуман град“ бараме измените на Изборниот законик да бидат предмет на јавна и транспарентна расправа и да бидат поднесени по завршувањето на изборниот процес.

„Го повикуваме претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува законот. Го повикуваме да не дозволи погребување на правниот поредок во Македонија“, додаваат оттаму.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе