За „Косова Прес”

Зекири: ДУИ е карцином на општеството и треба да замине во опозиција

Крајно време е албанската опозиција да се обедини и да и го зададе последниот удар на Демократската унија за интеграција со испраќање во опозиција. ДУИ е карцином на општеството и веќе ги тера Албанците да изберат да избираат други луѓе што ќе ги претставуваат во институциите. СДСМ не ја исклучува можноста за преговори со албанските партии пред изборите, вели потпретседателот на СДСМ, Мухамед зекири во интервју за „Косова Прес“. 

Според Зекири, партнерот во владејачката коалиција е подеднакво виновен како ВМРО-ДПМНЕ за лошото владеење во минатото.

„ДУИ е карцином на општеството во Северна Македонија. Зошто го велам ова, затоа што не смени скоро ништо и не понуди нешто ново на граѓаните и граѓаните го знаат тоа. Тој е политичкиот субјект што треба да се запомни во историјата на земјата, кој изгуби 50% од електоратот за само две години, од 20 пратеници сега им само 10 во овој состав, благодарение на разединетоста што ја имаше со албанските опозициски партии“, вели тој.

На прашањето дали коалицијата на СДСМ со ДУИ ќе продолжи и по 3 јануари кога се очекува да се гласа за техничката влада и дали има шанса за коалиција дури и по изборите на 12 април, Зекири вели дека тој лично се спротивставува на коалицијата со овој политички субјект. Сепак, додава дека граѓаните ќе одлучат со својот глас за тоа кој ќе ја води земјата по изборите на 12 април.

„Имаме предлог на закон што беше предложен пред околу две недели Македонија да биде една избирачка единица, наместо сегашните шест. Замислете, иако се коалициски партнер, иако тие знаеја дека имаме предизборно ветување во 2016 година, тие ги здружија силите со опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и во парламентарните комисии предложија над 12.000 амандмани заедно само за да го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик кој предвидуваше за Македонија да биде избирачка единица, под изговор дека со една изборна единица Албанците би изгубиле осум до десет пратеници, што апсолутно не е никаков аргумент“, рече тој.

Зекири додава дека со предлог законот не е предвиден изборен праг и со ваков изборен систем Албанците можат само да победат.

Според него, граѓаните веќе се расположени да ги поддржуваат другите албански партии освен ДУИ, за кој вели дека е очај за граѓаните на Македонија.

„Сега е последна шанса за граѓаните и самата албанска опозиција да се обединиме, и ако може симболично да се рече, задајте и го последниот удар на ДУИ и да заврши во опозиција“, вели тој.

Зекири информира дека започнале подготовките за изборите на 12 април, формирани се изборни штабови и партиските органи на СДСМ. Додава дека е рано да се зборува за можна коалиција, но ја истакнува можноста за предизборна соработка со албанските партии.

Интервјуто тој додава дека во Македонија не постои дискриминација за Албанците и единствено што останале нерешени се некои монтирани случаи кога има невини Албанци кои остануваат во затвор.

 

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе