„Донесената пресуда на Кривичниот суд во Скопје е врз основа на обезбедени докази во текот на постапка која што траеше една година. Здружението на правници Роми потсетува дека работа и законска обврска на полицијата е да обезбеди заштита на животот на граѓаните, укажување на помош и почитување на основните слободи и права, а не да вршење на кривични дела, прекршоци и полициска бруталност.
Полицијата како дел од Министерството за внатрешни работи и полицаецот како униформирано службено лице врши работи согласно закон и претходно утврдени законски дејствија“, пишува во реакцијата.
Исто така, ЗПР го осудува говорот на омраза и етничкото профилирање од страна некои портали во кои експлицитно се наведува етничката припадност на жртвата Н.Јашаровски.
„Етничкото профилирање во медиумите не е исто што и следење и информирање за настаните затоа што ја вклучува намерата за донесување на одлуки врз основа на етничката припадност“, додаваат од Здружението.
Оттаму јавно повикуваат на објективно информирање согласно Етичкиот кодекс на новинари без поттикнување на говор на омраза, дискриминација и меѓуетнички тензии.