Здружението на правници Роми со осуда на барањата на Полицискиот синдикат и говорот на омраза

Здружение на правници Ромите (ЗПР) остро реагира и ги осудува барањата на Полицискиот синдикат од Битола за поништување на пресудата од Кривичниот суд во Скопје според која нивниот колега Г. П. од Битола е осуден на една година затвор.

„Донесената пресуда на Кривичниот суд во Скопје е врз основа на обезбедени докази во текот на постапка која што траеше една година. Здружението на правници Роми потсетува дека работа и законска обврска на полицијата е да обезбеди заштита на животот на граѓаните, укажување на помош и почитување на основните слободи и права, а не да вршење на кривични дела, прекршоци и полициска бруталност.

Полицијата како дел од Министерството за внатрешни работи и полицаецот како униформирано службено лице врши работи согласно закон и претходно утврдени законски дејствија“, пишува во реакцијата.

Исто така, ЗПР го осудува говорот на омраза и етничкото профилирање од страна некои портали во кои експлицитно се наведува етничката припадност на жртвата Н.Јашаровски.

„Етничкото профилирање во медиумите не е исто што и следење и информирање за настаните затоа што ја вклучува намерата за донесување на одлуки врз основа на етничката припадност“, додаваат од Здружението.

Оттаму јавно повикуваат на објективно информирање согласно Етичкиот кодекс на новинари без поттикнување на говор на омраза, дискриминација и меѓуетнички тензии.

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе