Здружението „Градиме иднина“ ќе достави до Владата протокол против питачење

Здружението „Градиме иднина" – Скопје ќе достави до Владата протокол за проектот „Стоп против питачење и злоупотреба на децата и нивното здравје". Протоколот, како што нааведуваат, откако ќе се достави до Владата треба на владина седница да се прифати и усвои и да се достави со владина одлука до сите државни институции и образовни установи да постапат по него против питачењето и злоупотребата на децата и нивното здравје.

Како што информираат од Здружението „Градиме иднина" – Скопје, протоколот ќе се достави до претседателот Стево Пендаровски, до амбасади, градинки, основни и средни училишта, донаторите на „Градиме иднина", медиуми, општини, компании...

Од Здружението „Градиме иднина" – Скопје посочуваат дека овој протокол бил „оставен и чуван во фиока од 2010 година" и додаваат оти сега очекуваат повратен одговор од државните институции. Според нив, државните институции треба да постапат по изработениот протокол и по законите во земјава. Најавуваат дека наскоро ќе закажат прес-конференција пред Владата.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе