Раскарани Македонци во Србија

Здружението „Гоце Делчев“ од Врање: Го поздравуваме изборот на Грков за македонски амбасадор во Србија

Тврдењата на Демократската партија на Македонците во Србија за амбасадорот Васко Грков се крајно непримерни и се со нечесна намера. Грков во својот кус мандат, како в.д. амбасадор на Македонија во Србија остави впечаток на стабилен, чесен и пожртвуван професионалец кој својата функција ја вложуваше во подобрувањето на билатералните односи на нашите две држави, а со особена посветеност се однесуваше кон прашањето на унапредувањето на односите и во самата национална заедница на македонското национално малцинство, се вели во реакцијата на ЗГМНЗ за Пчињски округ „Гоце Делчев“ Врање, потпишана од претседателот Пеце Ристевски.

„Во писмото на ДПМ до македонските власти на невистинит начин се зборува за поранешниот  амбасадор Грков. Особено нѐ зачуди безобразлукот со кој си дозволиле да зборуваат како да се некакви легитимни претставници на македонската национална заедница, иако сите знаеме дека во Србија се во ранг на статистичка грешка.

Ваквите спин информации, а особено закани изречени од страна на поединци на оваа политичка организација, која на овој начин поради одамна загубениот легитимитет, всушност само се обидува да биде забележана од пошироката јавност, се мошне штетни, не само за македонската национална заедница во Србија, туку и за нашата матица и нејзините односи со Србија.

Како доказ ви испраќаме фотографија како амбасадорот Грков во друштво на претседателот на Националниот совет на македонското национално малцинство Борче Величковски, претседателот на Здружението на граѓани на припадници на македонското национално малцинство за Пчињски округ „Гоце Делчев“ од Врање Пецо Ристески и членовите на ова здружение се во посета на градот Врање, на општината Врањска Бања, а потоа и во посета на здружението „Гоце Делчев“. За оваа посета известија локалните пишани и електронски медиуми од чии извештаи и видео прилози може лесно да се види злонамерноста на Демократската партија на Македонците и нивната измислена приказна. Во очекување дека и другите организации на македонската национална зедница ќе реагираат на вакви лаги, сакаме да изјавиме дека го поздравуваме изборот на г-дин Васко Грков за амбасадор“, се вели во реакцијата на ова здружение.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе