Во соопштението потпишано од претседателот на АМБ-ДНЕС Драган Цветковски се вели дека е „време да се спроведе попис на населението, со што би покажале дека македонските Бугари се релевантен фактор за стабилноста и сигурноста на државата. Македонските Бугари се народ кој веќе е признаен и препознаен во Европската Унија и како такви македонските Бугари ќе бидат дел од македонската европска администрација, каде ќе покажат и докажат дека Република Северна Македонија може и треба да стане дел од семејството на народите на Европската Унија. Нашиот слоган кој произлегува од вредностите на Европската Унија, доволно покажува колку сме како народ битни за стабилноста и сигурноста на Република Северна Македонија - ние не сме камен на сопнување - туку мост на спојување“.