Здружение на Хрватите во Македонија: Владата треба да го разреши Тозија и да ѝ се извини на Хрватска

Бараме Владата на Македонија јавно да го осуди и санкционира говорот на омраза на Горјан Тозиј, директорот на Агенцијата за филм, се вели во соопштението на Здружението на Хрватите во Македонија по објавувањето на информациите во хрватските и македонските медиуми за вулгарните навреди кои Тозија јавно ги кажува и прокламира по социјалните мрежи каде премиерот на хрватската влада Андреј Пленковиќ и владејачката ХДЗ партија ги нарекува фашисти и членови на криминалниот клуб.

„Директорот на владината Агенција за филм не само што не негираше и не се извини за тоа што со месеци ја навредуваше Владата на Република Хрватска и нејзиниот претседател, тој истото го потврди и напиша дека има право да го стори тоа, што преставува дрскост и говор на омраза. Ова е сериозен меѓународен скандал. Тозија ова ѝ го прави на земјата која претседателствува со ЕУ и ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ.

Не сакаме да веруваме дека Владата на Македонија преку игнорирањето на овој скандал и немањето официјална реакција, стои зад ваквото мешање во внатрешните односи на друга држава. Го повикуваме претседателот на Македонија, во рамките на неговите овластувања и врз основа на уставната одговорност да побара Владата на Македонија да го санкционира Горајан Тозија, но и сите оние кои го дозволуваат овој срам за Македонија и уривање на одличните односи помеѓу Македонија и Хрватска.

Владата на Македонија треба да го разреши Горјан Тозија и да испрати извинување и јасна порака до сите оние кои размислуваат како него дека ова не е политика, дека ова не е позиција и став на Македонија и дека јавно ќе ги санкционира сите оние кои шират говор на омраза“, се вели во соопштението на Здружението на Хрватите во Македонија.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе