Зборот коски нема, ама коски крши, да бидеме одговорни, порача претедателот

„Во нашите домови, на работното место, во јавноста и на социјалните медиуми мораме да ја вратиме пристојноста во комуницирањето и да ја мериме тежината на нашите зборови. Или, како што вели народната мудрост, зборот коски нема, ама коски крши. За жал, токму во интернет просторот каде што не постојат физички бариери сè помасовни се примерите на омаловажување, напади без основ, клевети каде што, наместо за комуникација меѓу нас, зборовите служат како инструмент за напади и дисквалификација“, рече претседателот на Македонија Стево Пендаровски.

Пендаровски, кој се обрати на јавната дебата на тема „Дискриминирачки говор на дигитални медиуми – состојба и предизвици", во организација на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), а под негово покровителство, нагласи дека превенцијата е клучна и дека не треба да дозволиме дискриминирачкиот говор да прерасне во говор на омраза и со тоа да ги поткопа темелите на едно општество кое треба да почива на коректна комуникација и аргументирана дебата.

„Клучно е сите оние кои се кријат зад удобноста на тастатурата да бидат свесни дека се одговорни за напишаното или кажаното. Дискриминацијата не препознава етничка или религиска припадност, пол, род или сексуална ориентација. Напротив, дискриминацијата еднакво боли и ја повредува секоја личност, го подрива нејзиниот интегритет и самодоверба и остава трајни последици врз човекот, неговите најблиски, но и врз општеството во целина.

Како јавна личност, како политичар, понекогаш сум изложен на несоодветно изречени зборови и обиди за лична дискредитација, така што можам и лично да посведочам за ова што предмалку го реков.

Неопходно е инволвирањето на граѓанскиот сектор како репрезент на пошироката јавност. Системот на санкции, закони и казни не е доволен ако не работиме на креирање на позитивна атмосфера, со цел, превенирање на негативните појави. Сакам да верувам дека уште сме во фаза кога наместо да се лечи, може и да се спречи и затоа апелирам длабински да се соочиме со оваа комплексна проблематика. Да не одложуваме, да не прикриваме или да креваме раменици. Работата е до таму отидена што мораме да се соочиме со реалноста и да понудиме адекватни решенија и идеи“, рече Пендаровски.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе