Завршува нелегалната градба на минарето во Охрид, за празникот Рамазан и официјално отворање

И покрај реакциите на дел од граѓаните на Охрид, ветувањето на премиерот Заев дека ќе се почитуваат законските одредби, а и со официјална потврда дека реконструкцијата на Алипашината џамија се изведува без дозвола, минарето на џамијата е веќе готово. Свеченото отворање најверојатно ќе се спроведе веќе в вторник, за време на празникот Рамазан Бајрам.

Здружението на граѓани „Совест“ продолжува да апелира до државните органи да ги почитуваат и спроведуваат законските одредби. Тие го повикуваат премиерот Зоран Заев да дојде на, како што велат, „отворањето и легализирањето на дивоградбата“.

„Еве и ние од „Совест“, додека си чекаме да не (не) покани за да се реши проблемот, додека неповратно ја губиме заштитата од УНЕСКО, јавно го покануваме премиерот Зоран Заев да дојде со бонбониера на легализирање и отворање на дивоградбата – Алипашината џамија со минаре најголемо и доминантно во цел Охрид. Да му порачаме да нема гајле, Охрид си стана Исламабад на Балканот и стана најголема атракција и приказ како со дијалог се решаваат проблемите на религиите. Сега заради повеќегодишната толеранција на безаконието од сите влади на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе има мораториум на донесување планови на цело подрачје на град Охрид, каде наместо само тој мораториум треба да важи за централно градско подрачје и крајбрежието кое е во таа заштитена зона, истиот ќе важи за „будали“ луѓе кои веќе почитувале закони и си чекале дозволи за градба, а во меѓувреме куќите им станале трошни и подложни на рушење, па сега нека пропаднат сосе куќите, најдобро нека ги снема зошто верувале во закони и правда. Разочарани, измамени, превеслани, Ве поздравуваат Охриѓани“, порачаа денеска од „Совест“.

Тие велат дека институциите по неброен пат потфрлија и дозволија дивоградба среде центарот на Охрид.

Нелегалната градба на минарето е дел од главните забелешки и на УНЕСКО за непочитување на културното наследство Охрид.

Членовите на здружението „Совест“ за нелегалната градба почнаа да алармираат уште од 2016-та година.

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе