вторник, 16 април 2024

Службата за безбедност на Украина тврди дека уништила руска радарска станица со долг дострел

Службата за безбедност на Украина (СБУ) погоди руска радарска станица со долг дострел во областа Брјанск, која ја следела ситуацијата на небото до 700 километри во внатрешноста на територијата на Украина, објавија украинските медиуми, повикувајќи се на извор во СБУ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Русите сега имаат уште еден модернизиран комплекс Небо-У помалку, кој му помагаше на непријателот да го открива украинското оружје и ги поддржуваше бомбардерите што ја напаѓаа пограничната област на Украина со наведувани проектили“, рече изворот, пренесе Униан.

Тој додаде дека радарот е вреден 100 милиони долари и дека го погодиле седум дрона.

Агенцијата наведува дека ова е втор комплекс Небо-У уништен од СБУ и дека е прв уништен во регионот Белгород во Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ