Софија

Заврши средбата Заев-Макрон, поддршка за реформите

Премиерот Зоран Заев вечерва имаше речиси едночасовна билатерална средба со францускиот претседател Емануел Макрон, кој изрази задоволство од разговорите без да открива детали.

„Не би откривал многу и не би коментирал. Но бев многу среќен да го видам и да го сретнам целиот тим. Зборувавме многу отворено за актуелната ситуација и за многу добрата работа што ја направи целиот тим во добар правец“, изјави францускиот претседател Макрон за МКД.мк и за Независен весник веднаш по средбата со Заев.

На средбата учествуваше и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Во соопштението на владината служба за информирање се вели дека премиерот Заев на средбата „истакнал дека Република Македонија и Западен Балкан се менуваат и демонстрираат европски манири.

Заев го информирал Макрон дека Република Македонија продолжува со интензивните и сериозни реформи во правосудството, јавната администрација и во сферата на медиумите и дека сите реформски проекти се спроведуваат во дијалог со опозицијата. 'Моите сограѓани имаат европска иднина и ние, Балканот и ЕУ се бориме за иста Европа. Ве уверуваме дека Република Македонија е успешна приказна на Балканот и заслужува вреднување соодветно на постигнатите резултати. Ги поддржуваме вашите заложби за покохезивна, функционална и поодржлива ЕУ. Лидерството на Франција е мотивација и пример и за Македонија и за регионот', истакна премиерот Заев на средбата со Макрон.

Претседателот на Франција на средбата истакна дека Франција со внимание ги следи политичките процеси во регионот и во Република Македонија и посочи дека Македонија и Грција преземаат историска улога со посветеноста во решавањето на прашањето за името, и дека решавањето на овој спор е позитивно и сериозно наследство за Македонија.

Претседателот Макрон изрази честитки за реформите што ги презема Република Македонија и дека Франција ќе ја поддржи Македонија во позитивната динамика на спроведувањето на промените во земјата и во забрзување на прогресот на земјата“, се вели во владиното соопштение.

 

                                                               За МКД.мк од Софија

                                                               Жана П. Божиновска

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе