Вечерва во 20 часот

Заврши пописот, резултатите во март идната година

Апликациите за попишување во земјата и за самопопишување на дијаспората се затворени вечерва во 20 часот, со што завршија пописните активности во рамки на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија. Најголемата статистичка операција траеше 26 дена, од 5 септември до денеска. Официјалните податоци, по проверките и вкрстосувањето на податоците од базите, се очекуваат најдоцна за шест месеци.

Државниот завод за статистика во следните неколку дена треба да ги направи последните проверки и сумирање на податоците, како и технички активности на раздолжување на попишувачите. Официјалните резултати од пописот ДЗС треба да ги објави најдоцна за шест месеци, односно до крајот на март 2022 година.

До синоќа во 20 часот, што е и последна официјална информација на Заводот за пописот во Македонија, попишани се 1.813.153 лица, додека до утрово во 7.30 ласот во дијаспората се самопопишале вкупно 203.144 лица со македонско државјанство.

Пописот 2021 се спроведе според нова методологија според стандардите на Евростат со комбиниран модел – освен прибирање на податоци директно од населението на терен, се користеа и податоци од таканаречената Претпописна база, каде со внесувањето на матичниот број на граѓанинот во пописната апликација, автоматски се повлекуваа сите податоци што за тоа лице постојат во базите во државата.

Според состојбите од терен и глетките пред општинските канцеларии, еден број од граѓаните не биле посетени или најдени од страна на теренските попишувачи, па останува директорот на Заводот Апостол Симовски вечерва на прес-конференција, меѓу другото, да соопшти колкав број на граѓани не се попишани и како тие податоци за нив ќе бидат обработени и дополнети во сумираните податоци.

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе