Собрание

Заврши општата расправа за јазиците, за опозицијата законот е неуставен, за мнозинството доверба

Собранието на Република Македонија на почетокот на попладневното продолжение на 15. седница ја заврши општата расправа по Предлог - законот за употреба на јазиците, во прво читање.

Седницата, како што најави претседателот на Собранието Талат Џафери, ќе продолжи утре напладне кога се очекува пратениците да гласаат за Предлог-законот, по што народните избраници ќе можат да поднесуваат амандмани по текстот.

За време на денешната расправа владејачкото мнозинство порача дека навлегуваме во фаза на градење доверба меѓу заедниците. Сакаме подобар систем, подобри закони, подобар живот за сите.

„Да испратиме порака дека Собранието ќе им ги гарантира сите права на граѓаните, независно од кој етникум доаѓаат и на кој јазик зборуваат“, порачаа пратениците од владејачкото мнозинство. 

Опозицијата и во последните реплики пред завршувањето на расправата повторно го искажа ставот дека законот е неуставен, дека нема да биде применлив и дека ќе резултира со дополнителни фрустрации кај граѓаните. Најавија дека ќе поднесат повеќе амандамни, со кои, како што кажа Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, од законот ќе се тргнат одредбите кои се надвор од Уставот.

„Ќе предложиме решение преку кое ќе го тргнеме дискриминаторскиот елемент кон српската, ромската и бошњачката заедница, а не само кон албанската. Исто така, ќе бараме да нема надлежност да се контролира дали се употребува албанскиот, туку и македонскиот јазик“, рече Димовски.

Решението, како што истакнаа претходно пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, е набрзина предложено и е со европско знаме, што предизвика дополнителен сомнеж и страв кај дел од јавноста. Затоа, во втората фаза треба да се надгради со елементи кои дополнително ќе ги засилат граѓанскиот и мултиетничкиот карактер на државата.

По завршувањето на општата расправа по Предлог-законот за употреба на јазиците, во прво читање, Собранието ја продолжи работата по 12. седница и дебатата за Предлог закон за дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија, по скратена постапка, предложен од опозициските пратеници, започната во јули, годинава.

Со овој предлог опозицијата бара зголемување на платата за 5 отсто во јавниот сектор од почетокот на 2018 година. Опозициските пратеници сметаат дека е дискриминаторска најавата на Владата за зголемување на платата на дел од вработените во јавниот сектор предвидено со Буџетот за 2018 година. 

Според владејачкото мнозинство, пак, платите ќе растат, а два пати годишно ќе има и нивно усогласување. Законот на опозицијата го нарекоа популистички и несериозен поради тоа што во него не се предвидени финансиски импликации.

Продолжението на 12. седница ќе биде дополнително закажано.

МИА

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе

Повеќе од 40 години пишувам за самостојноста на македонскиот јазик и идентитет и на моменти бев подложуван и на физички напад поради моите ставови. Јас не би прифатил ништо што го негира признавањето на Македонија.

повеќе