СДСМ

Заврши маршот „Чекориме за правда“, „потребно е правосудство кое ќе донесе правда“

Во Скопје вечерва СДСМ организира марш под мотото „Чекориме за правда“ со заложба за градење силно, независно и професионално обвинителство и судство. Членовите и симпатизерите на СДСМ маршираа за силна правна држава, независен судски систем и неселктивно владеење на правото.

Граѓанскиот марш почна пред македонското Собрание, а заврши пред комплексот судови во Скопје, каде се обрати лидерот на СДСМ Зоран Заев.

„Сите предмети ќе имаат правна разрешница врз основа на фер и траспарентни постапки. На обвинетите ќе им се суди врз база на докази. Нема амнестија ниту за стари, ниту за нови случаи. Секој што го прекршил законот ќе одговара. Нашиот народ е жеден за правда, за брза и ефикасна правда“, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од пред судовите во Скопје.

Тој вети дека сите предмети ќе имаат правна разрешница врз основа на фер и траспарентни постапки.

„На обвинетите ќе им се суди врз база на докази. Нема амнестија ниту за стари, ниту за нови случаи. Секој што го прекршил законот ќе одговара. Нашиот народ е жеден за правда, за брза и ефикасна правда“, порача Заев.

Тој вчера повика на марш од местото каде се изгласа Законот за јавно обвинителство – од Собранието, до местото каде треба да ги видиме конечните правни разрешници – судот.

Според Заев, Собранието вчера отвори ново поглавје во реформите на правосудството.

„Нема амнестија ниту за стари, ниту за нови случаи. Секој што го прекршил законот ќе одговара. Нашиот народ е жеден за правда, за брза и ефикасна правда“, порача Заев.

„Судии, обвинители, поротници – ослободете се, ниту Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту нивните инсталации не ви можат ништо. Не сме задоволни од испорачаното во однос на правната држава, затоа решивме дека ни е потребно правосудство кое ќе ја донесе правдата, а не да застарува предмети. Можеше да има и побрза правда, но требаше Заев да се јавува по телефони и да нарачува пресуди. Но, за тоа ли се боревме? Ние го ослободивме судството, но будно го следиме. Денеска чекориме затоа што сме жедни, затоа што сакаме правда во нашата земја. Правдата доаѓа бавно, но доаѓа, ако ги ослободиме обвинителите и судиите да судат подеднакво за сите, тоа не значи дека можат да забегаат во друга крајност. Законодавството е донесено, нема да дозволиме, овде сме со будното око да следиме и да чекаме правна разрешница на сите случаи. Ни треба правна држава, ни треба закон еднаков на сите“, рече лидерот на СДСМ.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе