ОБВИНИТЕЛСТВО

Заврши истрагата за „Пуч“, обвинителен акт во наредните 15 дена

Истражната постапка е комплетирана откако вчера лидерот на опозициската СДСМ, четврто обвинет во „Пуч“, Зоран Заев пет часа даваше исказ, по што на одбраната и било доставено известување 

Законот му наложува на Јавниот Обвинител рок од 15 дена да покрене обвинителен акт.

Во случајот „Пуч“ Заев се терети за насилство врз највисоките државни органи кога за време на неколку средби со премиерот Груевски му се заканувал со докази против него.  

Заев вчера се појави во Јавното обвинителство во двојна улога – како осомничен и како поднесувач на кривична пријава. По исказот поднесе кривична пријава против Никола Груевски и Сашо Мијалков за кршење на Уставот, а побара истрагата против него за „Пуч“ да биде запрена.

Првообвинетиот во овој случај, Зоран Верушевски, претходно даде исказ во обвинителството, а неговиот адвокат по завршувањето на сведочењето изјави дека неговиот клиент не е виновен што МВР недоволно го обезбедило својот систем.

Пред три дена и портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов поднесе кривична пријава против Сашо Мијалков, директорот на УБК, за поткуп, злоупотреба на службената положба и овластување и давање поткуп за случајот со набавката на опрема од Израел.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе