Заврши индентификацијата на телата на загинатите во авионската несреќа

Од 19 часот синоќа, кога во Институтот за судска медицина во Скопје пристигнале роднините на загинатите во авионската несреќа кај селото Кожле, до 5 часот утрово траела постапката на идентификација на загинатите, преку ДНК анализа, потврди Институтот за судска медицина, објави  „Телма“.

Со споредба на примерок од ДНК од роднините и жртвите е утврден идентитетот на шестмината италијански државјани кои настрадаа во падот на „пајперот“. Како што пренесоа медиумите, станува збор за лицата чии имиња претходно беа објавени.

Во процедура е подготовката на транспортот на телата на петте италијански државјани во нивната земја, додека косовскиот државјанин со италијански пасош Висар Бегај ќе биде погребан во Косово.

Истрагата за утврдување на причините за несреќата продолжува понатаму со анализи на прибраните докази.

Авионската несреќа се случи во вторникот, околу 17.40 часот во близина на селото Кожле. Авионот од типот „пајпер“ летал од Тревизо за Приштина, а на скопскиот аеродром бил пријавен за дополнување на гориво.

 

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе