Пописот пред својот финиш

Заводот за статистика го зголеми бројот на попишувачи во некои урбани средини

Од Државниот завод за статистика велат дека пописот на населението и домаќинствата се одвива со несмален интензитет и се нагласува дека во одредени, особено урбани средини, пописните активности се засилуваат со дополнително прераспоредување на теренските попишувачи.

Од Заводот велат дека во последните три дена пописните активности на терен се одвиваат непречено.

Во помалите пописни реони низ државата веќе се привршува со попишување на населението и се прават последни завршни проверки, соопшти вечерва Државниот завод за статистика.

Во одредени урбани средини интензитетот на попишување се зголемува, се вклучуваат дополнителни попишувачи за да може да се посети секое домаќинство и никој да не биде пропуштен, нагласува Заводот.

Државниот завод за статистика наведува дека со сиот расположлив потенцијал се работи непрекинато и според утврдените рокови предвидени во Законот за попис.

Инаку, деновиве има бројни реакции од граѓани кои велат дека попишувачи не ги посетиле нивните домови или дека иако биле дома, добиле известување да отидат во канцеларии на општината на која припаѓаат и да ги дадат податоците за попишување.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе