Реакција

Затуроска: Предложениот закон за дивоградби е паушален, несериозен и строго наменет за некои локални моќници

Претседателката на собраниската Комисија за транспорт Лилјана Затуроска, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека изјавите на Сугарески се паушални, зошто за законот за дивоградби нема јавна расправа.

ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против законот за легализација на дивоградби кој е во собраниска процедура, но не се согласува со тоа што тој се носи по скратена постапка, без можност да се организира јавна расправа и да се слушне стручната јавност и локалните самоуправи.

Претседателката на собраниската Комисија за транспорт Лилјана Затуроска, која е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес-конференција во Собранието ги оцени како паушални и несериозни  обвинувањата од министерот Сугарески дека ВМРО-ДПМНЕ свесно го блокира донесувањето на законот со поднесувањето на повеќе од 1000 амандмани.

„Да носите еден сериозен закон по скратена постапка и да не дозволите широка јавна расправа сметам дека се недолични изјавите на министерот кој вината ја префрла на ВМРО-ДПМНЕ. За законот за урбанистичко планирање беа поднесени 235 амандамни благодарение на широката јавна расправа во Собранието и сите забелешки на стручните чинители беа преформулирани“, рече Затуроска.

Главната забелешка на опозицијата, како што посочи Затуроска, е тоа што во законот паушално е даден датумот заклучно со 01.11. 2019 година и што не се нудат механизами како да се спречи во иднина да не продолжува процесот на легализација.

Според опозицијата, предложениот закон е паушален, несериозен и строго наменет за, како што рече Затуроска, некои локални моќници.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе