Како одговор за Дојче веле

Заштитата од пожар е одговорност на директорот и персоналот, велат од Светска банка по трагедијата во Тетово

Планот за заштита од пожари требало да го изработи и спроведе болничкиот персонал под раководство на директорот на болницата во Тетово, велат од Светска банка за Дојче веле, по пожарот во модуларната болница кој однесе 14 човечки животи. Тендерот за изградба на тетовската, како и на останатите 16 модуларни болници ширум земјата во октомври 2020 година беше спроведен согласно домашната регулатива и правилата на Светска банка, од каде македонската влада зеде заем од 3,8 милиони евра, одговорија од Светска банка за Дојче веле.

Од „Дојче Веле" потсетуваат дека од Општина Тетово веќе излегоа со тврдење дека тие немале никаква надлежност во фазите од изградбата и контролата на објектот, а надлежните во болницата досега немаа никаква реакција, што се должи и на тековната истрага.

„Проектната листа за изградба на модуларните болници вклучуваше конкретни мерки фокусирани на заштита од пожари и подготвеност за итни случаи за време на изградбата, а исто така постоеше обврска да се воспостави 'План за заштита од пожари' на почетокот на работата на објектот“, објаснува за „Дојче Веле" претставник на Светска банка. Тој план требало „да се изработи и спроведе од назначениот болнички персонал под одговорност на директорот на болницата".

Пожарот во модуларната болница во Тетово избувна на 8 септември вечерта, а загинаа 14 луѓе. Сведоци трвдеа дека немало противпожарни апарати и дека во првите моменти се гасело со вода од шишиња.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе