Реакција на Мрежата за заштита од дискриминација

Зарем пак Комисијата за заштита од дискриминација ќе се формира со партиски договор?

Мрежата за заштита од дискриминација реагира откако на комисиска расправа во Собранието на Македонија не беа усвоени амандмани на предлог Законот за спречување и заштита од дискриминација во поглед и со разочараност констатира дека продолжува праксата, наместо создавање на независни и транспарентни тела, за кадровскиот состав да решаваат политичките партии.

Мрежата за заштита од дискриминација особено остро реагира што еден од амандманите на член 18 од предлог законот, за кој се застапуваат, а поднесен од пратениците Маја Морачанин и Мирослав Богдановски, не беше поддржан од пратениците. Со тој амандман, како што се наведува, се уредува изборот на членовите на Комисијата за заштита од дискриминација, чија цел е да се обезбеди независноста на Комисијата, транспарентна и инклузивна постапка за избор што е во согласност со сите меѓународни стандарди и препораки, како и со мислењето на Венецијанската комисија.

Останува неодговорено прашањето зошто на коалициските партии на власта им пречи потранспарентен начин на избор и именување на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), со оглед на тоа дека пратениците на ДОМ и опозициските пратеници ја препознаа и поддржаа потребата од промена на Членот 18, чија одлука ја поздравуваме, се вели во реакцијата.

„Членот 18 кој го предложивме најпрво беше прифатен и предложен од Министерството за труд и социјална политика, но Владата го одби и го поднесе предлог законот со истиот текст кој беше усвоен во 2019 година без притоа да даде објаснување, а чија одлука ние исто така остро ја осудивме. Како Мрежа испративме барање до сите пратеници да предложат и поддржат амандман на членот 18 со кој постапката ќе се уреди по примерот на постапката за избор на членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. Дополнително, Мрежата за заштита од дискриминација поднесе барање за јавна дискусија до Собранието на Република Северна Македонија. Комисијата за европски прашања, заедно со Комисијата за еднакви можности организираа средба со здруженијата по однос на Законот за спречување и заштита од дискриминација на 20.10.2020 година каде Мрежата за заштита од дискриминација, останатите здруженија и екперти од областа аргументирано ја образложија потребата од амандман на Член 18", се вели во соопштението на Мрежата.

Овој амандман го предложивме бидејќи претходниот состав на Собранието не успеа да избере членови на КСЗД, а медиумите известуваа дека партиите не можат да постигнат партиски договор во Комисијата за прашања на избори и именувања.

„Стравуваме дека со неусвојувањето на амандманот на Член 18 ќе се потврдат нашите сомнежи и изборот на членовите на КСЗД ќе зависи од партиски договор, а не од квалитетот и заслугите на кандидатите, бидејќи здруженијата на граѓани и медиумите нема да можат непосредно да учествуваат во постапката за избор. Бараме од пратениците да го донесат Законот за спречување и заштита од дискриминација и да ги изберат членовите на КСЗД што поскоро, на начин со кој ќе ги демантираат нашите сомнежи и ќе одберат професионални членовите на Комисијата кои имаат искуство, знаење и посветеност на недискриминацијата и заштитата на човековите права, а не партиски кадри", се вели во писменото соопштение.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе