Во Грчкиот парламент

Започна расправата за гласање недоверба на владата, договорот со Македонија главна тема

Со несогласувања околу тоа колку ќе трае расправата, започна седницата во грчкиот Парламент по доставеното барање од Неа демократиа за гласање недоверба на грчката Влада.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, претседателот на Парламентот соопштил дека расправата ќе заврши со гласање во сабота во 14 часот, на што имаа приговор пратениците од опозициската Неа демократиа. Потпретседателот на партијата, пратеникот Костис Хаѕидакис рекол дека според правилникот, но и кога во 2013 СИРИЗА како опозиција доставила исто барање за гласање недоверба, расправата траела 3 дена и заврши со гласање на полноќ.

Претседателот на парламентот, Никос Вуцис рече дека „има посебна важност да заврши до 14 часот“. По реакциите од опозицијата, беше постигнат договор, во сабота расправата да трае колку што ќе има потреба, а седницата започна.

Седницата денес ќе трае до еден часот по полноќ, а утре и во сабота ќе започне во 9.30 часот наутро.

Пратениците во следните денови ќе дискутираат за работата на грчката Влада, а договорот со Македонија се очекува да биде главната тема, со оглед на тоа што токму договорот беше главната причина за барањето на опозицијата за гласање недоверба, но и со оглед на тоа што за утре беше закажана расправа за содржината на постигнатиот договор

                

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе