Цела Европа прв пат на заедничка маса

Започна првиот состанок на Европската политичка заедница

Со официјална пленарна сесија на 44 шефови на Влади и држави од Европскиот континет започна првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага каде учествува премиерот Димитар Ковачевски. Ова е прв пат шефовите на државите и владите да зборуваат на рамноправна основа за прашања што се од заеднички интерес за Европскиот континент

На пленарната сесија воведно поздравно обраќање имаше чешкиот премиер Петр Фиала кој ја истакна важноста на овој значаен собир каде за прв пат шефовите на државите и владите од Европскиот континент во пошироката смисла, зборуваат на рамноправна основа.

Станува збор за политичка дискусија на високо ниво со цел да се воспостави соработка на земјите од Европскиот континент во услови на светски и геополитички превирања.

Фокусот на Европската политичка заедница се трите најважни и во моментот поврзани прашања кои ги обединува сите земји, а тоа е војната во Украина, состојбата во енергетиката и економијата.

Беше нагласена важноста од солидарност со Украина и нејзиниот народ, како и зајакнувањето на рестриктивните мерки со цел да се зголеми притисокот врз Русија и да стави крај на војната.

Соработка и солидарноста низ Европа може да помогнат за да се придонесе во ублажување на последиците од светската енергетската криза настаната како резултат на воената агресија врз Украина. Целта на средбата е да се делува заеднички со цел да се акцентира важноста од дијалогот за обезбедување мир и безбедност, како и заеднички решенија во однос на диверзификација на изворите за снабдување со енергенси.

Лидерите на земјите члени на ЕУ, потенцираа дека целта на Европската политичка заедница е да се даде на земјите аспиранти чувство на припадност кон европскиот клуб пред нивниот формален пристап во ЕУ.

На првиот состанок на Европската политичка заедница учествуваат 44 шефови на Влади и држави од Европскиот континент. Како владина делегација на овој состанок присуствуваа и министрите за надворешни работи и за земјоделство, шумарство и водостопанство Бујар Османи и Љупчо Николовски.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе