Започна практичната имплементација на персонална асистенција за лица со попреченост

Вкупно 92 невработени лица добија сертификати за персонални асистенти на лица со попреченост преку обуката што ја организираше Министерството за труд и социјална политика во соработка со Агенцијата за вработување и Црвениот крст на Македонија, со што започна практичното спроведување на персонална асистенција за лица со попреченост.

Владата во март годинава ја усвои Програмата за персонална асистенција на лица со попреченост за 2018 година, чија цел е да придонесе за независно и самостојно живеење на лицата со попреченост, како и за нивно активно и рамноправно учество во заедницата и општеството. Со оваа програма освен што им се помага на лицата со попреченост, се обезбедува и работа за 92 невработени лица, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

“Денеска со доделувањето на сертификатите, заокружуваме една многу важна активност. Со воведување на програмата за персоналната асистенција одговараме и ги исполнуваме долгогодишните барања на лицата со попреченост за ваков индивидуализиран тип на сервис. Услугата која ја нудат асистентите ќе биде во делот на извршувањето на секојдневните лични и домашни активности, помош при образованието и работењето и други активности, кои лице без попреченост вообичаено би ги извршило без ничија помош“, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која во владата свечено им ги додели сертификатите на обучените персонални асистенти . 

Програмата  за која средствата за обука се обезбедени преку активните мерки за вработување, веќе се спроведува во Битола, Струга, Куманово, Неготино, Гостивар, Струмица и Скопје, а услугата е понудена на сите лица со попреченост кои се пријавиле.

 

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе

Способноста за контролирање на бесот е одлика на луѓето со цврст карактер. За жал, во оваа конфузна реалност, таквите индивидуи се вистинска реткост.

повеќе