Возило на македонскиот конзулат во Солун било запалено вчера рано наутро, објавија грчки медиуми, повикувајќи се на информација на новинската агенција АНА-МПА.
Инцидентот се случил во 5.30 часот кога врз возилото паркирано пред конзулатот во центарот на Солун бил фрлен „запаллив материјал“, а потоа бил запален.
Полицијата го истражува инцидентот.
Од македонското МНР засега немаат информации што се случило.
Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.
Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои.