Претседателски избори април 2019

Западните медиуми за изборите: Тројцата кандидати се проевропски и про-НАТО настроени

„Северна Македонија избира претседател по договорот за смена на името", е насловот на написот на Дојче веле, во кој информира за претседателските избори во државата. Во текстот се посочува дека тројцата кандидати за претседател се про-европски и про-НАТО настроени, но сепак во фокусот на кампањата беше договорот со Грција со кој се реши повеќедеценискиот спор. Дојче веле нагласува дека иако Договорот широко ги отвора вратите на ЕУ и НАТО, сепак населението е поделено околу ова чувствително прашање.

Американскиот весник „Вашингтон пост“ издвојува дека државата го избира првиот претседател на Северна Македонија. Весникот посочува дека тројца универзитетски професори се борат за функцијата која е речиси церемонијална.

„Гласачите во Северна Македонија имаа уште една шанса да дадат мислење за новото име на нивната земја, преку гласањето на претседателските избори, што се смета за клучен тест за централнолевичарската влада која преговараше за промена на името со цел да стави крај на неколкудеценискиот спор со соседна Грција“, информира Асошиејтед Прес.

„Македонците гласаат на избори на кои доминира темата за промената на името“, е насловот под кој Ројтерс информира за претседателските избори во земјава. Во текстот Ројтерс, исто така, ја истакнува поделеноста во јавноста околу промената на името и оти тоа ќе се одрази на изборните резултати, при тоа, објавувајќи ги последните анкети за претседателските кандидати. Ројтерс, повикувајќи се на аналитичари, објави дека е можен мал одзив „поради разочараност кај гласачите од Владата во однос на привлекувањето странски инвестиции и високата невработеност“.

„Смената на името во срцето на изборите во Северна Македонија“ е насловот на текстот со кој Фокс њуз информира за изборите. Во него тиа даваат кус осврт на историјатот на спорот за името меѓу Атина и Скопје и се осврнува на претседателот во заминување Ѓорѓи Иванов, потсетувајќи дека тој се „обиде да го попречи или одложи договорот со Грција“.

„Замислете изборна кампања меѓу кандидати кои не се политичари. Македонија може“, објавува Радио Слободна Европа под наслов „Само универзитетски професори кога е во прашање гласањето во Северна Македонија“. Во него се цитира и професорот Флоријан Бибер од Универзитетот во Грац, кој смета дека „главната загриженост е дека одѕивот ќе стане проблем, со оглед на потребната излезност за изборите да бидат валидни“.

„Стравување од слаб одѕив на претседателските избори во Северна Македонија“, издвојува за насловот Франс прес.

„Гласачите во Северна Македонија денеска избираат нов претседател на првите избори во земјата откако го смени името, но постојат стравувања дека нема доволно луѓе што ќе излезат да ги направат изборите валидни“, пишува АФП.

Германската новинска агенција ДПА известува за изборите, со акцент на промената на името и стравувањето од мал одѕив.

„Договорот за името длабоко ги поларизира Македонците. Многумина се растргнати меѓу лутината што мора да го променат името на својата земја и желбата за влез во НАТО и ЕУ, така што висока стапка на апстиненција е можна. Таков беше случајот на референдумот за промена на името во септември, кога не беше постигнат потребниот праг од 50 отсто: Одѕивот тогаш беше само 37 отсто“, потсетува ДПА. 

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе