Заменикот Ѓонул Бајрактар, ќе ја замени Мизрахи

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа 10-тата седница на која донесе заклучок со кој се констатира дека се создадени условите од член 48, став 2, од Законот за организација и работа на органите на државната управа и од тие причини Ѓонул Бајрактар, заменикот на министерот за труд и социјалната политика, ги презема овластувањата и одговорностите во раководењето со Министерството за труд и социјална политика.

Согласно став 2 на член 48 од Законот за организација и работа на органите на државната управа во делот 4 што го уредува раководењето со органите на државната управа и нивни меѓусебни односи, се вели дека заменикот го заменува министерот во случај кога тој е отсутен или кога поради болест и други причини не е во можност да ја врши својата функција, со сите негови овластувања и одговорности во раководењето.

На оваа седница, како што стои во соопштението, Владата ја усвои одлуката за одобрување средства од Буџетот на Република Северна Македонија во износ од 5.277.000 денари на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за следење на изборните активности во 2020 година.

На денешната седница Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информација за спроведување на еколошката мерка за субвенционирање на граѓаните со високоефикасни инвертер клима уреди за потребите на домаќинствата во општините Битола, Кичево, Тетово и на Градот Скопје, а кои користат енергетски неефикасни уреди за греење во нивните домаќинства кои влијаат на зголемување на концентрација на РМ10 и РМ2.5 со Предлог-одлуката за формирање на Комисија за спроведување и следење на имплементирањето на мерка, и го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање редовно да ја информира Владата за текот и спроведувањето на постапката.

Владата на Република Северна Македонија го разгледа и усвои Извештајот за работата на Националниот комитет за олеснување на трговијата согласно обврските од Спогодбата за олеснување на трговијата во рамки на Светската трговска организација.

Владата ги задолжи Министерството за економија, во соработка со Министерството за финансии и Царинската управа, да подготви Предлог-уредба со која ќе се дефинираат обврските и постапката за консултации и редовно ажурирање на податоците помеѓу Царинската управа и органите кои издаваат дозволи и вршат контроли во прекугранична трговија и да ја достави Предлог-уредбата до Владата на Република Северна Македонија на разгледување и донесување.

Согласно овој извештај, Владата ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Министерство за земјоделство, шумарство, водостопанство – Фитосанитарна Управа, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за земјоделство, во соработка со овластени превозни трговски друштва активно да учествуваат во проектот за мерење на просечното време на пропуштање на стоките преку граница, како и за ефектите од проектот едношалтерски систем на граничните премини каде што тој е имплементиран.

 

 

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе