Откако се појави снимката дека зема пари

Заменик министерот за здравство Муса поднесе оставка, митото било стапица

Заменик министерот за здравство Асим Муса денеска се повлече од функцијата откако во јавноста излезе видео снимката на која тој зема мито од пациент.

Во изјавата што ја даде Муса тврди дека неговиот искрен обид да им помогне на пациентите се претворил во стапица. „Пациентот“, како што рече, инсистирал да дознае колку чини интервенцијата, а Муса го информирал дека интервенцијата за странски пациенти е приватна.  

„Овие пациенти постојано се обидуваа да приредат стапица против мене во која било форма. Секоја граѓанин кому сум му служел, секој пациент и соработник, јасно знае дека ова е намерна стапица за да ми наштети мене. Нема да дозволам овие 23 години инвестиции во професионалноста и семејниот кредибилитет да биде нарушен со ваква намерна стапица, бомбастични информации со лажни наслови, кои не се реални, а тоа може да се види од снимката.

Какао заменик за здравство имав чест да им служам на граѓаните со голема посветеност и чесност. Овој кредибилитет граден со години нема да дозволам да се ризикува од политичка пропаганда. Затоа донесов одлука да се повлечам од функцијата заменик министер и да ја расчистам оваа дамка. Но, ќе продолжам и понатаму да им служам на граѓаните со иста искреност, скромност и посветеност“, рече Муса.  

 

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе