Заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши, се закити со УЧК признание во својот кабинет

Заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши, го овековечи моментот во кој во својот кабинет добива како подарок обележје на УЧК. 

Се работи за признание за неговите заслуги во ОВК. На гравираниот на дрво предмет, освен знакот и името на УЧК е напишано и името и презимето на заменик министерот, Назим Буши.

Фотографијата осамна на профилот на извесен Лиридон Бајрами, кому во биографијата на Фејсбук му пишува дека работел за „Унијата на албанските земји".

„Ја имав честа и привилегијата денеска да се сретнам со командантот на 114-тата бригада Фадил Нимани; Тигар и сега заменик министер за внатрешни работи Назим Буши. Како син на маченик, му го посветувам овој подарок кој докажува дека знае како да биде репрезент секогаш кога е во прашање националниот интерес. На патриотите по војната, Фејсбук патриотите, лесно им е да ни продаваат приказни, но кога беше потребно Назим ја соблече државната униформа и ја носеше униформата на народот. Тоа е доказ за неговата национална визија и став. Многу кратко и јасно му порачав на мојот пријател, драгиот г-ин Назим, дека „зборуваат тие кои не успејаа и не направија ништо за нацијата и татковината, додека карванот врви". Назим Буши беше и сум длабоко убеден дека секогаш ќе биде во карванот на Албанците. Слава на мачениците“, напишал Бајрами како коментар на објавената фотографија.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе