Заменик министерот за правда: Реформите во судството се усогласени со опозицијата

Оливер Ристовски, заменик министерот за правда изјави дека измените во Законот за судови и во Законот за судскиот совет се усогласени со опозицијата. Со овие измени се гарантира дека членовите на Судскиот совет веќе нема да можат да го менуваат начинот на кој се унапредуваат судиите, рече Ристовски.

„Овие измени се однесуваат повеќе на начинот на кој судиите ќе бидат бодирани на секои две години при редовните оценувања за да можат да конкурираат за повисоките судови. Дадени се детални прегледи со табели, не сакавме да оставиме на случајност, ги ставивме во законот табелите за начинот на бодирањето на судиите за да не оставиме можност судскиот совет да оди со подзаконски акти, односно со правилници во начинот на бодирањето на судиите“, изјави заменик министерот за правда.

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе