Пендаровски со организаторите на „Скопје Прајд“

Законот за заштита од дискриминација да биде на приоритетна листа на следниот парламентарен состав

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими организаторите на манифестацијата „Скопје Прајд“, која оваа година поради пандемијата на ковид-19 се одржува виртуелно во периодот 20-30 јуни.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот, претставниците на граѓанските организации кои работат на „Скопје Прајд“ го информирале Пендаровски за планираните активности кои имаат за цел подигнување на јавната свест, разговори за клучните теми, како и музички и културни активности кои ја слават различноста. Пендаровски, се наведува во соопштението, ги поздравил активностите на сите организации и активисти кои работат за унапредување на правата на ЛГБТИ заедницата и сите маргинализирани заедници со цел нивна поголема видливост во општеството и остварување на нивните основни човекови права.

„Соговорниците истакнаа дека во однос на статусот на ЛГБТИ заедницата, потребни се ефикасни системски решенија. Законот за заштита од дискриминација е укинат од Уставниот суд, а со него се овозможуваше за првпат заштита на сите ранливи групи, како и професионална комисија за спречување и заштита од дискриминација, преку зголемување на нејзината независност и надлежност. Во таа насока претседателот Пендаровски истакна дека ќе побара од следниот парламентарен состав да го стави законот на приоритетна листа за донесување“, се наведува во соопштението.

На средбата, исто така се разговарало и за другите чекори кои се потребни со цел унапредување на состојбата на ЛГБТИ луѓето, како подигнување на јавната свест, ефективна примена на законите, особено за дела од омраза, заштита од дискриминација и поддршка на ранливите лица на кои им е потребна интеграција во општеството.

Претседателот Пендаровски, како што стои во соопштението, посакал успешна реализација на „Скопје Прајд“, додавајќи дека соработката меѓу граѓанскиот сектор, активистите и заедницата со јавните институции е многу значајна затоа што често искуството што доаѓа директно од терен од граѓанскиот сектор е клучно за да се направат системските решенија.

 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе