На Собраниската Комисија за европски прашања

Законот за ЈО мора да биде ослободен од политички интервенции, порача Димитров

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на собраниската Комисија за европски прашања, на која се дебатираше за недобивањето датум за преговори за ЕУ, ја обвини опозицијата недонесувањето на законот за ЈО.

Димитров рече дека законот за ЈО, како последна незавршена работа која не беше присутна во задачите што ги добивме лани, за жал е двотретински и немаше политичка волја да се донесе.

„Таму мора да се почитуваат две црвени линии – да не се изгубат случаи и истраги од старото СЈО во новата структура на ЈО. И тоа се случи во реалноста со одлуки на главниот обвинител Јовески. И на некој начин реалноста стана подобра од можниот компромис за законот. И второ континуитетот на обвинителите во СЈО кои работат на тие случаи – и тоа се случи. Проблемот е што можниот компромис барем во овој момент значи сериозна политичка интервенција во работата на јавното обвинителство. Проблем имаме со Вилма Русковска која е избрана од фелата од обвинителите се бара политичка интервенција да се разреши и да се постави некој кој ако нема консензус во Собранието ќе биде практично предлог на опозицијата, која што во преговарачкиот тим има луѓе кои се соочени со обвиненија“, рече Димитров.

Рече дека е политичка дрскост што оваа Влада се обвинува за грешката на европскиот самит и срамно е што тоа, како што рече, доаѓа од луѓе кои никогаш подалеку не не однеле од оваа стратешка цел.

„Од нив сега доаѓа обвинувањето. Ќе ми биде срам да зборам за ЕУ и да ги изговорам буквите „Е" „У", тоа е политичка дрскост и бесрамност, особено со законот за СЈО“, рече Димитров истакнувајќи дека сега треба да го положиме овој испит на зрелост.

Оцени дека во наредните месеци треба да покажеме консензус со опозицијата, и да се донесе донесеме законот почитувајќи ги црвените линии.

Политиката да не се меша што се гони и што не се гони. И политиката да не става подобни и неподобни јавни обвинители. Ако можеме тоа да се договориме тоа ќе ни помогне многу. Се дотогаш, опозицијата нема да биде реална политилчка алтернатива ако сакаме да одиме кон Европската Унија, рече шефот на дипломатијата.

Претходно, опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата откако пратеникот Антонијо Милошоски ја оцени денешната седница на Комисијата како владина забава.

Тој повика на дебата за оваа тема утре во Комисијата за надворешни работи и го покани таму да дојде министерот за надворешни работи Димитров.

Милошоски ја покажа фотографијата од вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, од лани, кога тие се пофалија дека земјава добила датум за почеток на преговори.

„Министрите кои ширеа лажни вести сега ќе треба тоа да го објаснат. Дали е постигната целта? Не е постигната. Османи и Димитров ќе зборуваат за одговорноста на странски политичари и за Брегзит и Кина, а не за нивната одговорот. Тие ќе понудат манипулативни објаснувања, ќе се откажат од ланските изјави, но не и од функциите. Ние нема да учествуваме во ваква пародија. Денеска нема да ја расипеме вашата провладина забава, за вистинска дискусија дојдете утре на Комисијата за надворешна политика“, рече Милошоски.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе