Законот за јазици изгласан во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ не дојде на седницата

Со мнозинство на гласови, Собранието го изгласа законот за употреба на јазиците. „За“ законот гласаа 69 пратеници колку што имаше во собраниската сала, без ниту еден против или воздржан. За законот гласаа и 27 пратеници од немнозинските заедници.

Законот е донесен без присуство на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои не учествуваат во работата на Собранието во знак на револт од притворањето на петмина нивни колеги и други граѓани за учество во инцидентите во законодавниот дом на 27-ми април минатата година. Против законот се изјасни и претседателот Ѓорге Иванов во годишното обраќање пред Собранието, бидејќи, како што рече, законот за јазиците претставува закана по унитарноста на државата и го крши Уставот на Република Македонија.

Инаку, Законот содржи 25 члена и предвидува во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо да е и јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо, на начин определен со овој закон.

 

Македонија во НАТО е заслуга на сите политички партии од  осамостојувањето на земјата, а не само ДУИ.

повеќе

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе