Законот за државјанство ќе се реши на почетокот на следната недела, најави Заев

Премиерот Зоран Заев очекува на почетокот на следната недела да се најде решение за измените и дополнувањата на Законот за државјанство, предложени од Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива и вели дека многу од дилемите поврзани со измените на законот се решени, а деталите треба да бидат разработени од министерствата за внатрешни работи и за правда.

„Нашата земја со интервенција во Законот за државјанство во 2004 година, во преодните одредби, дава една можност со која граѓаните, кои се наши апатриди и немаат друго државјанство, тоа го добијат. Тоа е завршено и мислам дека се работи за околу 5.000 граѓани. Сега, според Алијансата на Албанците и Алтернатива, има околу 1.500 граѓани без државјанство. Но, според евиденцијата на Управата за водење на матични книги, се работи за 750 граѓани. Верувам дека не може да бидат повеќе од 1.500 до 2.000. Да се работи и за само еден човек, ние треба да ја завршиме работата“, изјави Заев.

Тој нагласи дека жали што во Собранието се блокира Законот за управување со кризи, а рокот за постоење на кризна состојба истече ноќеска.

„Денеска е последниот ден Парламентот, претседателот на државата и Владата да најдат правно решение. Затоа што, со повлекувањето на Армијата од јужната и од северната граница, ќе биде отворена бегалската рута, што ќе претставува проблем за Република Северна Македонија, регионот и за Европа“, рече Заев.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе