На заедничка прес - конреренција

Законите за отпад донесени, останува практичната реализација, Заев и Нуредини ги претставија законите

Претседателот на Владата Зоран Заев и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, денеска одржаа заедничка прес-конференција на тема новите закони за управување со отпад кои неодамна беа донесени и оценија дека ќе овозможат конечно европеизирање на управувањето со отпадот. Со ова, како што порачаа, конечно ќе се реши овој горлив проблем кој се таложел со декади и ќе се прекине синџирот на лошо управување со отпадот и дека ќе се создаде чиста средина која чиста ќе остане и за идните генерации.

Министерот Нуредини истакна дека покрај регулативата што неодамна е донесена, а тоа се Законот за управување со отпадот, Законот за управување со пакување и отпад од пакување, Законот за управување со дополнителни текови на отпад и Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, мора да се создаде и регионалниот систем со базична инфраструктура доколку сакаме конечно разрешување на ова прашање.

„Како Министерство и Влада, скроивме план како да го поддржиме обезбедувањето на таа инфраструктура. Ние работиме на инвестициите во остварување на функционалноста на регионалниот систем за управување со отпадот преку центрите за развој, обезбедување на собирни места и места за селекција, изградба на стандардизирана инфраструктура со трансфер станици и регионални депонии, како и чистење и затворање на сите нестандардизирани односно диви депонии и ѓубришта. Ова е нашиот пат за современо и европско управување со отпадот и здрава животна средина, и го поканувам приватниот сектор и граѓаните, да бидат наши партнери во остварувањето на оваа заедничка цел", порача министерот Нуредини.

Тој подвлече дека во однос на посебните фракции на отпадот, односно за справување со она со што граѓаните се соочуваат најмногу - пластичното пакување, предвидена е забрана за нивна употреба која ќе стапи на сила од први декември, а надоместок од 15 денари за биоразградливи кеси ќе мора да биде евидентиран и пренесен во посебен фонд на Министерството за животната средина и просторно планирање. Исто така од први декември за првпат се воведува и забрана за еднократна употреба на пластично пакување во заштитените подрачја.

„Постојат безброј алтернативи од природни материјали, и сметаме дека за почеток, барем во заштитените природни подрачја можеме да покажеме пример со еколошко пакување", порача министерот Нуредини.

Премиерот Заев информира оцени дека на управувањето со отпад бил посветен подолг период за да се создадат решенија кои долгорочно го решаваат овој проблем, како и за да се создаде систем кој ќе биде самоодржлив, по европските примери.

„Со претходно донесените Закон за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори и Законот за електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, се обезбедуваат сите предуслови за еден модерен функционален систем за управување со отпад кој конечно ќе биде имплементиран соодветно и во пракса и во нашата земја", подвлече премиерот Заев.

Тој образложи дека во подготовката на овој концепт беа вклучени меѓународни и локални експерти.

„Се погриживме процесот да биде инклузивен и да ги вклучи општините, операторите со отпад и комуналните претпријатија, граѓанските организации, граѓаните. Целта ни беше да создадеме систем кој ќе ги опфати потребите на сите и истовремено и ќе ги опфати високите стандарди за заштита на животната средина", подвлече премиерот Заев.

Тој посочи дека Македонија веќе го чекори патот кон поодржлив пристап кон управувањето со отпад и дека како земја кандидат за членка во Европската Унија, потребно е да се усогласи со европското законодавството и во оваа област.

„Управувањето со отпадот согласно пропишаните стандарди на Европската Унија не само што ќе придонесе за подобра животна средина, туку ќе придонесе и за заштита на здравјето на луѓето и, ќе обезбеди имплементација на принципите на циркуларната економија во земјата. Законската рамка и Националниот план за управување со отпад 2021-2031 детално го уредуваат собирањето, транспортот, селектирањето, рециклирањето на отпадот, како и неговиот третман и искористување, со што ќе се овозможи создавање на ефикасен регионален систем за управување со отпад, со што ќе се исполнат барањата согласно ЕУ законодавството и европската „Зелена агенда" која ја прифативме и како наша. Должни сме и кон идните генерации, да го решиме овој горлив проблем кој се таложел со декади, и да го прекинеме синџирот на лошо управување со отпад. Така ќе постигнеме дома да ни биде чисто, а на идните генерации да им оставиме здрава животна средина", порача премиерот Зоран Заев.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе