Конференција во Берлин

Закажан нов состанок, Меркел и Макрон без решенија за Западен Балкан, проширувањето на ЕУ не беше тема

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, заедно со високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини вчера не усепаја да најдат решенија за ситуацијата во Западен Балкан, особено не за односите меѓу Србија и Косово. По средбата зад затворени врати со лидерите на земјите од Западен Балкан, Меркел изјави дека се работи за неформална средба и не се очекуваат веднаш резултати.

На состанокот во Берлин присуствуваа македонскиот премиер Зоран Заев, Александар Вучиќ од Србија, Еди Рама од Албанија, Хашим Тачи од Косово, Мило Ѓукановиќ од Црна Гора и Денис Звиздиќ од БиХ, а како гости беа поканети и премиерите на Словенија и Хрватска, Марјан Шарец и Андреј Пленковиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ по состанокот им се заблагодари на Меркел и Макрон, за кои рече дека се однесувале рационално и се обидувале да најдат решение за ситуацијата во Западен Балкан. Српскиот претседател забележа дека на состанокот не биле повикани си Виктор Орбан и Борис Борисов.

Состанокот не е за проширувањето за ЕУ, изјавија Меркел и Макрон за состанокот во Берлин.

Претседателот на Косово Хашим Тачи рече дека нема да има помирување во регионот сѐ додека Србија и БиХ не го признаат Косово.

Меркел и Макрон Договорот од Преспа го оценија како позитивен пример на Балканот и дека тој успех е охрабрување за сите земји учеснички на Конференцијата за Западен Балкан. Премиерот Заев и канцеларката Меркел ја истакнаа важноста на економските придобивки кои ги носи билатералната соработка меѓу Македонија и Грција и потенцираа дека ваквите соработки треба да се интензивираат низ целиот регион.

 

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе