Изјава на лидерката на либералните демократи

Зајкова: Резолуцијата на ЛДП за роаминг во ЕУ ја усвои АЛДЕ

Алијансата на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ) денеска ја усвои резолуцијата предложена од Либерално-демократската партија (ЛДП) за укинување на трошоците за роаминг услуги во јавните мобилни комуникациски мрежи и меѓусебно признавање на универзитетски дипломи и професионални квалификации меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, изјави претседателката на ЛДП Моника Зајкова.

„Бесплатната роаминг зона ќе ја подобри мобилноста, соработката, регионалниот развој, интеграцијата за речиси 18 милиони граѓани и е отскочна штица во дигиталната трансформација на регионот. Ова е значаен чекор на Западен Балкан во усогласувањето со принципите и практиките на единствениот дигитален пазар на ЕУ. Очекуваме дека за примената на оваа мерка ќе се преземат конкретни чекори на претстојниот европски самит за земјите од Западен Балкан кој ќе се одржи на 6-ти месецов во Тирана. Заемното признавање на универзитетските дипломи и професионалните квалификации меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан ќе се усогласат со принципите на Европската област за високо образование наведени во поглавјата на Болоњскиот процес и Конвенцијата за признавање на квалификации за високото образование во европскиот регион. Со тоа конечно граѓаните од Македонија и Западен Балкан полесно ќе комуницираат и ќе бидат конкурентни на европскиот пазар. Се надеваме дека и оваа мерка ќе биде имплементирана до крајот на 2023 година како што истакнавме во резолуцијата“, рече Зајкова.

Таа додава дека со воведување на концептот „Рим како дома" помеѓу земјите-членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан треба да се отстранат сите тарифи за роаминг, што значи дека нема доплата на домашната малопродажна цена за разговори, СМС и податоци додека сте во роаминг во предвидениот период.

Зајкова вели и дека е потребно итно меѓусебно признавање на универзитетските дипломи и професионалните квалификации меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан до крајот на 2023 година, како и итно ставање на овие две теми на агендата на самитот ЕУ-Западен Балкан на 6-ти декември  во Тирана.

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе