По одлуката за самостоен настап во парламентот

Зајкова: ЛДП дава импулс во демократските процеси

ЛДП не е незадоволна од функционирањето на коалицијата со СДСМ, нашата одлука датира уште од август кога заклучивме дека на партијата ѝ е потребна поголема видливост на либерално - демократската политика и практично делување во духот на сестринските европски либерали кои даваат импулс во демократските процеси“, изјави за МКД.мк пратеничката Моника Зајкова, потпретседателка на партијата.

Либерално демократската партија е посебен политички субјект со свое членство и со своја политика и продолжуваме со поддршката на Владата во која имаме и свој министер, вели пратеничката од оваа партија Моника Зајкова откако ЛДП објави дека партијата има одлука за самостојно делување во рамки на Собранието на Македонија.

„ЛДП не е незадоволна од функционирањето на коалицијата со СДСМ, но нашата одлука датира уште од август кога заклучивме дека на партијата ѝ е потребна поголема видливост на делувањето и на својата либерално - демократска политика", вели Зајкова.

На овој начин, во парламентот ЛДП ќе има поголема можност за предлагање и на свои законски проекти, а ќе има и низ други погодности од аспект на деловникот, кои ќе значат поширока можност за изразување на сопствените ставови. Зајкова вели дека тоа не е некоја голема новина во македонската политичка реалност, бидејќи ЛДП и во минатите состави има делувано на овој начин, така делувале и ДОМ, а сега и пратениците од БЕСА.

Пратеничката вели дека во наредниот период одлуката ќе се формализира и посочува и на партиското соопштение каде се вели дека ќе делуваат како и останатите либерали низ Европа.

„Сестринските партии на ЛДП со своето самостојно дејствување даваат импулс во демократските процеси во Европа. Некаде се тие дел од владејачкото мнозинство , но тоа не ги попречува да застапуваат посебни ставови и политика во поглед на многу важни прашања - од екологијата, преку човековите права, до високата политика", изјави за МКД.мк пратеничката Моника Зајкова.

Инаку, поддршка за ЛДП дојде од лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, кој оцени дека станува збор за исправна одлука, додека пак, лидерот на коалицијата „Можеме", премиерот Зоран Заев изрази доза на разочараност.

„Ваквиот исчекор на ЛДП е повредување на коалицискиот или заедничкиот настап. Не е потребно сега, можело да се почека 15 дена или месец дена, ама ЛДП е партија и сама си одлучува за тоа. Ова го сметам за удар на СДСМ, бидејќи времето не соодветно за таква одлука", изјави Заев.

ЛДП во парламентот има двајца пратеници - Моника Зајкова и Боби Мојсоски, а партискиот лидер Горан Милевски има и министерска функција. Со четворицата пратеници од БЕСА кои веќе дејствуваат самостојно и со пратениците од ЛДП, коалицијата на СДСМ ќе брои 40 пратеници.

П.Џ.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе